Како што стојат работите Килијан Мбапе на крајот од сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен и кариерата би требало да ја продолжи во Реал Масрид. Во Париз полека и се припремаат за тимот без него.
Реномираниот „Л’Eкип“ објави дека Букајо Сака би требало да биде првата мета на ПСЖ за ова лето како замена за Мбапе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англискиот репрезентативец веќе неколку сезони игра одлично за Арсенал, па така јасно е дека ако го доведат ќе мора скапо да платат.
Најавите се дека ПСЖ подготвил понуда од 140 милиони евра која Арсенал тешко би ја одбил. Договорот на Сака со Арсенал е со важност до 2027 година, но во овој момент не е познато дали тој самиот има желба за промена на средината.