Дома Топ вести ПСЖ влезе во отворена војна со Реал: „Светците“ удрија по Перез!

ПСЖ влезе во отворена војна со Реал: „Светците“ удрија по Перез!

„Ладната војна“ помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид одби нов пресврт откако спортскиот директор на „светците“, Антеро Хенрике директно го нападна претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез.

На денот кога Кристиано Роналдо ја доби „Златната топка“, Флорентино Перез повеќе го интересираше да зборува за евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал и да го коментира медиумските шпекулации дека „Нејмар не е среќен во ПСЖ“.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Да зборуваш за играч од друг клуб на денот кога Роналдо ја добива Златната топка не е убаво“, изјави Хенрике и со тоа отворено го нападна Перез.

Реал Мадрид и ПСЖ ќе ги одмерат силите во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Ждребот беше лош и за нас и за Реал. Но, ние ќе бидеме центар на светскиот фудбал во тој период и тоа е многу важно. Подобрите ќе одат во следната фаза, освен ако судиите не направат разлика како што се случи минатата година помеѓу Реал и Баерн“, изјави Хенрике и го „пецна“ Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола го купи за 62 милиони евра, а сега за него вели: Не е доволно паметен…

Манчестер Сити во летниот преоден рок во 2023 година за 62 милиони евра го купи и од Вулве…