Дома Топ вести ПСЖ веќе размислува за замена, ако Нејмар замине во Париз пристигнува – Французин?!

ПСЖ веќе размислува за замена, ако Нејмар замине во Париз пристигнува – Французин?!

Овие денови се појавија информациитр и приказната за заминување на Нејмар повторно е актуаелна, медиумите пренесуваат дека наводно фудбалерот има договор со „светците“ дека може да замине за 220 милиони евра (повеќе тука).

Овој договор наводно важи за 2019 и 2020 година, се поврзуваше со Барселона и „Мундо Депортиво“ пишуваше дека такво нешто не е невозможно, но сепак поголеми шанси му се даваат на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно, Реал Мадрид сака да доведе голема ѕвезда и споменатата сума не би била проблем за Флорентино Перез, посебно доколку Азар го продолжи договорот со Челзи како што се најавуваше.

Ако Нејмар, ПСЖ ќе мора да му бара замена, а според француските медиуми тоа би можел да биде – Антоан Гризман! Гризман ја одби Барселона и го продолжи договорот, но оваа сезона на „јорганџиите“ не им оди баш најдобро, а и односот со Коста не е за пофалба.

Се шпекулира дека во новиот договор на Гризман вметната е и откупна клазула од 150 милиони евра, сума која за ПСЖ не би била никаков проблем после споменатата проджаба на Нејмар.

Засега се е во рамките на гласини, но изгледа дека на Ал Келаифи му е доста од Нејмар, Бразилецот како да нема доволна мотивација во Париз, а и се повеќе е во сенка на Килијан Мбапе.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…