Дома Фудбал Останато ПСЖ бара нов тренер, три имиња на списокот

ПСЖ бара нов тренер, три имиња на списокот

Кристоф Галтие дефинитивно нема да биде тренер на ПСЖ следната сезона, пренесува еминентниот „Екип“.

Раководството на ПСЖ не е задоволно од работата на тренерот и веќе ја започна потрагата по негова замена, а во најтесниот избор се тројца тренери.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Екип“ тврди дека прв избор е Жозе Мурињо, а „Специјалниот“ ќе донесе конечна одлука веднаш после финалето на Лига Европа.

Заедно со Мурињо голема желба е и Луис Енрике, кој е слободен агент и чека понуда од некој европски гигант.

Трет на листата желби е Чаби Алонсо, кој го покажа својот потенцијал на клупата на Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Николас Џексон може да се врати во Челси

Николас Џексон сериозно размислува за својата иднина, додека се соочува со тешкотии за вре…