Репрезентацијата на Македонија вчера обезбеди пласман на ЕП, а во следните два натпревари ќе биде без четворица фудбалери.
Македонија ја очекуваа два натпревари од новата сезона во Лигата на Нации во кои ќе игра против Естонија дома во недела и со Ерменија на 18. во Кипар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За овој натпревар Ангеловски нема да смета на Горан Пандев кој ќе добие заслужен одмор, а нема да играат уште Алиоски поради жолти картони, голманот Димитриевски поради црвениот во Скопје и Арјан Адеми поради повреда.
За настап не е сигурен и Висар Муслиу, а од претходно е познато дека Енис Барди не е во комбинација.
Столе Димитриевски би требало да се врати помеѓу стативите за дуелот со Ерменија.