Дома Фудбал Англија Проработе тандемот Лаказет – Санчез, Мустафи го „закопа“ Лорис, Тотенхам падна на „Емирати“! (Видео)

Проработе тандемот Лаказет – Санчез, Мустафи го „закопа“ Лорис, Тотенхам падна на „Емирати“! (Видео)

arsenal totenham

Денес со почеток од 13:30 часот беше одиграно дербито на колото во Премиер лигата помеѓу Арсенал и Тотенхем.

„Топџиите“ одиграа одличен натпревар, посебно во првото полувреме кога и ги постигнаа двата погодоци.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Месут Озил човекот за кого овие денови многу се пишува дека ќе го напушти Арсенал, беше асистент на првиот погодок. Германецот по еден прекин испрати одличен центар шут, а на вистински начин истиот ги искористи дефанзивецот Шкодран Мустафи кој испрати фантастичен удар кој заврши зад голот на Лорис кој беше само гледач повеќе.

Само пет минути подоцна следуваше нов гол во мрежата на „петлите“, а во главна улога беа оние од кои најмногу се очекува во нападот Александар Лаказет и Алексис Санчез. Французинот испрати одлична топка во петерецот, а Санчез беше тука за да погоди и да донесе предност од 2:0.

Во вториот дел Тотенхем прикажа нешто подобра игра, ја имаше топката во свој посед, но сепак погодок во мрежата на Чех немаше, па трите бода останаа на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…