Дома Топ вести Пропадна уште еден трансфер на Манчестер Јунајтед

Пропадна уште еден трансфер на Манчестер Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг доживеа уште еден неуспех во обидот да го засили тимот за следната сезона.

Според холандските медиуми дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер, кој беше примарна трансфер цел на Тен Хаг, решил да остане во холандскиот клуб.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Причина за тоа е што 20-годишниот фудбалер не сака да презема ризик и да го загуби местото во репрезентацијата пред Светското првенство, па сака да остане во Ајакс каде што има гаранција дека ќе биде во стартниот тим.

Инаку Тимбер им порачал на „црвените ѓаволи“ дека е отворен за трансфер на „Олд Трафорд“, но не ова лето.

Ова е втор неуспех на Манчестер Јунајтед, откако минатата недела ја загубија битката за потписот на Дарвин Нуњес, кој се пресели во Ливерпул.

Сега клубот е целосно насочен кон реализација на трансферот на Френки де Јонг од Барселона, кој треба да чини 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…