Трансферот на Моис Кин од Јувентус во Атлетико Мадрид пропадна во последен момент, пренесуваат италијаските медиуми.
Двата клуба постигнаа комплетен договор за позајмица до крајот на сезоната, а Кин вчера пристигне во Мадрид да го комплетира трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, италијанскиот напаѓач не ги минал лекарските прегледи, па Атлетико во последен момент се откажа од трансферот.
Атлетико Мадрид требаше да плати половина милион евра за шестмесечна позајмица. Во договорот немаше опција за купување на италијанскиот интернационалец.