Андре Силва требаше да стане нов играч на Монако, но се чини дека неговиот трансфер може да пропадне во последен момент.
Имено, Милан и Монако постигнаа договор според кој Росонерите треба да добијат 30 милиони евра, а Силва замина во Франција за да ги помине лекарските прегледи и потпише за новиот клуб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, неколку италијански медиуми пренесуваат информација дека Португалецот не успеал да ги договорил личните услови со францускиот клуб.
Наводно, толку се далеку од тоа да постигнат договор што може да пропадне и целиот трансфер. Некои француски медиуми пишуваат дека договорот дефинитивно пропаднал.
Газета дело Спорт пишува дека причината е лекарските прегледи, а не личните услови.
Силва претходната сезона ја помина на позајмица во Севиља каде одигра 40 натпревари и постигна 11 погодоци, но шпанскиот клуб не одлучи да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната и играчот се врати во Милан.