Иако стигна потврда и од тренерот на Валенсија дека Барселона преговара со Родриго, сепак на крајот овој напаѓач изгледа ќе остане на „Местаља“ затоа што преговорите пропаднале.
Овие пропаднати преговори ја ставаат Барселона во незгодна позиција во самиот финиш од преодниот рок со оглед на повредата на Луис Суарез. Ако Барса брзо не реагира Сетиен нема да добие замена за Уругваецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Сетиен е задоволен и со овој тим.
„Јас сум повеќе од задоволен од она што го имам на располагање. Не негирам дека ни е потребен офанзивен играч, но и да не дојде ќе продолжам нормално да работам со тоа што го имам на располагања. Сум бил и во полоши ситуации во кариерата, ако некој дојде ќе биде добредојден, но и овој тим има капацитет да се бори за сите титули“, изјави Сетиен.