Управата на Интер е сериозна во намерата на „Џузепе Меаца“ да го доведе Дејан Кулушевски, пишуваат италијанските медиуми.
На листата желби на Антонио Конте за јануарскиот преоден рок се најдоа неколку фудбалери, а медиумите во Италија тврдат дека Кулушевски е една од главните мети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата на Интер наводно изнесува 35 милиони евра. Таа сума и одговара на Аталанта од каде што Кулушевски е на позајмица во Парма, но потребно е и „млекарите“ да дадат согласност.
Во Парма сигурно нема лесно да се откажат од фудбалерот кој игра одлично и кој имаат право да го задржат до крајот на сезоната.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е подготвен да го понуди левиот бек Федерико Димарко на Парма, а Аталанта пак, ќе дозволи трансфер на Муса Бароу, за да се задоволат сите страни.