Tимот на Пелистер во следната сезона повторно ќе настпува во Втората македонска лига откако сезонава заврш икакои четврти.
Амициите на клубот беа враќање во Првата лига, а кога не успеа во тоа беше јасно дека ќе има промени. Прв кој си замина беше тренерот Бабунски. Утрово битолскиот клуб ја потврди и разделбата со уште четворица фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„ФК Пелистер за во наредната сезона 2023/24 нема да ги продолжи договорите со Бурхан Мустафов Христијан Драгарски, Томе Китановски и Љавдрим Фазлију.
Во наредните денови некои играчи ќе бидат отстапени во други клубови. Клубот им се заблагодарува и им посакува понатамошен успех.
Наскоро ќе биде промовиран новиот тренер а во наредните денови и новите играчи“, стои во краткото соопштение.
Фото: ФК Пелистер