Дома Фудбал Италија Промената на сопственоста создаде проблеми: Малдини останува, но ќе има мал буџет за трансфери

Промената на сопственоста создаде проблеми: Малдини останува, но ќе има мал буџет за трансфери

Претседателот на Милан, Паоло Скарони соопшти добри вести за фановите и истакна дека легендата на клубот Паоло Малдини и неговиот соработник Рики Масара наскоро ќе потпишат нови договори.

Директорите Малдини и Масара се главни архитекти на успехот на „росонерите“, но нивните договори завршуваат на крајот на овој месец.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради промената на сопственоста на клубот новите договори се оддолжија, па фановите беа загрижени.

„Промената на сопственоста на клубот во овој клучен момент оддолжи многу работи, но не се грижете за Малдини и Масара, нема сомнеж дека бргу ќе има договор да се продолжи по истиот пат“, изјави Скарони.

Целосната промена на сопственоста ќе се заврши дури во септември, па новиот сопственик Гери Кардинале ќе има целосна контрола на клубот дури од септември.

Поради тоа Милан најверојатно ќе има лимитиран буџет за трансфери ова лето од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…