Дома Фудбал Проблем за Реал Мадрид: Белингем го чека пауза

Проблем за Реал Мадрид: Белингем го чека пауза

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем е повреден и ќе пропушти најмалку три натпревари на Реал Мадрид.

На терените Белингем ќе се врати по репрезентативната пауза. На последниот тренинг тој добил удар, а детални прегледи покажале дека повредата не била наивна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кај Белингем утврдена е повреда на мускулот на десната нога и веројатно го чека пауза од околу еден месец.

Ако најавите се покажат како точни тој нема да биде во конкуренција на средбите со Ваљадолид, Лас Палмас и Бетис од Ла Лига. Натпреварот во кој би се вратил е со Реал Сосиедад на 15. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…