
Шпекулациите за трансфер на Давид де Геа во Реал Мадрид и ова лето ќе бидат главна тема на трансфер пазарот!
Според англиските и шпанските медиуми „кралевите“ повторно ќе се насочат кон ангашман на Шпанецот, кој ќе биде примарна цел на Реал Мадрид.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Зидан не е задоволен од Куртоа и веднаш по неговото доаѓање го пресели на клупата, притоа јавно му порачал на раководството дека може да му биде отворена излезната врата.
Францускиот стратег го сака Де Геа по секоја цена во својот тим, па од Реал веќе направиле контакт со Манчестер Јунајтед. Двата клуба разговарале за идејата да направат трампа, така што Куртоа да заврши на „Олд Трафорд“.
Меѓутоа, Белгиецот категорично ја отфрлил таквата можност и му кажал на раководството дека ако не е во плановите на Зидан претпочита трансфер во Пари Сент Жермен.
Реал минатото лето го донесе Куртоа на „Сантиаго Бернабеу“, но има лоша сезона и Зидан го премести на клупата давајќи му предност на Кејлор Навас.
Шпанските медиуми додаваат дека Реал Мадрид ќе се обиде да го искористи Куртоа како дел од евентуалниот трансфер на Нејмар, но сепак тоа ќе зависи од ПСЖ.
https://youtu.be/LA4SFy2odRc