Една од главните теми во Барселона овој период е Антоан Гризман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последните четири натпревари Гризман три пати добиваше шанса од клупата, а два пати влегуваше дури во 90. минута.
Поради тоа неговата сестра која му е и агент побарала итен состанок со Барселона за да знае што се случува. Гризман преку неа се обидел да ја дознае својата ситуација во клубот.
Според информациите, Гризман не сака да замине меѓутоа сакал да знае каков му е статусот. Останува да видиме дали ситуацијата ќе се реши или Кике Сетиен доколку остане ќе продолжи да работи по свое и да му дава на Гризман мала минутажа.