Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мехваер е под знак прашалник за големото градско дерби против Манчестер Сити, пренесува „Скај Спорт“.
Дефанзивецот има повреда на глуждот поради која го пропушти вчерашниот меч против Дерби Каунти во ФА Купот, па најверојатно ќе го пропушти и дербито кое на програмата е овој викенд.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Мегваер го пропушти и претхоното гостување на Сити на Олд Трафорд, во кое неговиот тим запиша пораз од 3:1 во Луга Купот.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Солскјер во дербито ќе започне со тандемот Линделоф – Баи во срцето на одбраната.