Дома Фудбал Англија Проблеми за Солскјер пред натпреварот против Лестер Сити

Проблеми за Солскјер пред натпреварот против Лестер Сити

По интернационалната пауза, се враќа клупскиот фудбал.

Во Премиер лигата се игра петтото коло, дерби на колото во сабота ќе гледаме на „Олд Трафорд“ кога ќе се сретнат двата поранешни шампиони на најдобрата англиска лига. Јунајтед ќе го пречека Лестер Сити.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Лисиците“ до сега не имаат пораз, се наоѓаат на третата позиција, додека Јунајтед е пет места подолу. Она што дополнително го загрижува Солскјер е неизвесноста на дури пет првотимци.

Во саботниот дуел сигурно нема да ги видиме Погба, Ван-Бисака, а изгледа и Лингард. Од другата страна, да не биде така се црно, шанса за враќање на теренот имаат Марсијал и Лук Шо. Французинот до сега се покажа како еден од најдобрите играчи на Јунајтед постигнувајќи два гола во првите четири кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…