Шпанскиот голман Давиде де Геа наводно побарал од раководството на Манчестер Јунајтед дозвола да го напушти клубот ова лето.
Се погласни стануваат шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид. Де Геа беше на чекор од „Сантиаго Бернабеу“ во 2015 година, но трансферот пропадна поради технички причини во последниот ден од преодниот рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Де Геа потоа го продолжи договорот со Јунајтед, но се чини дека ова лето конечно одлучи да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврадат дека Шпанецот имал состанок со раководството и побарал од чечниците да му дозволат трансфер во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната.
Меѓутоа, се уште нема потврда за ваквите информации кои ги пласираа англиските медиуми. Сепак, јасно е дека Реал Мадрид го посакува Де Геа и дека Шпанецот сака да се врати во татковината.
Расплетот ќе го почекаме во летниот преоден рок…
David De Gea has privately asked to leave Manchester United after holding talks with Real Madrid representatives. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/uccgfN4uK3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 24, 2018