Дома Фудбал Англија Приходите од ТВ правата во Премиер лигата надминаа 10 милијарди

Приходите од ТВ правата во Премиер лигата надминаа 10 милијарди

Вкупните приходи од ТВ правата на Премиер лигата во целиот свет веќе надминаа 10 милијарди фунти, што се случува за прв пат во историјата.

Ова стана факт откако Премиер лигата ги продаде ТВ правата за Индија и Азија. Во ноември лигата склучи рекорден договор од 2 милијарди фунти за правата во САД.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Сега вкупната сума за пренесувањето на најелитното англиско првенство во странство достигна 5,4 милијарди фунти. На нив се додава сумата од 5,1 милијарда фунти за пренесување на „Скај Спорт“ и „Би-Би-Си“.

Така целата сума за ТВ правата на Премиер лигата во целиот свет достигна 10.4 милијарди фунти.

Ова значително ќе ги зголеми приходите на англиските клубови, така што дури 106 милиони финти ќе добива клубот кој ќе заврши на последно место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Манчестер Сити: Крај на сезоната за Родри

На вчерашното дерби против Арсенал се повреди еден од најважните играчи на Манчестер Сити,…