Дома Фудбал Англија Пристигна пред 20-тина дена, а уште од сега ја заврши својата кариера во Евертон?

Пристигна пред 20-тина дена, а уште од сега ја заврши својата кариера во Евертон?

Евертон оваа зима доведе неколку засилувања, од кои можеби најголемо е Елиаким Мангала.

Францускиот стопер во Евертон пристигна на позајмица од Манчестер Сити и дебитираше во дебакалот против Арсенал (1:5), а потоа играше и во натпреварот против Кристал Палас (3:1). Сепак, Мангала во тој натпревар мораше да го напушти натпреварот уште на крајот од првото полувреме и тоа поради повреда која може да биде доста сериозна.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британските медиуми пишуваат дека Мангала поради повреда на коленото би можел да ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, што би било голем хендикеп за Евертон. Интересно, Мангала во Евертон пристигна на полугодишна позајмица, па би можело да се случи и да се врати во Манчестер Сити, по само еден и пол натпревар за клубот од „Гудисон“.

Мангала за Евертон одигра вкупно 135 минути, а неговиот клуб за тоа време прими дури шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим ќе избрка три ѕвезди од Јунајтед – познати се нивните имиња!

Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тр…