Дома Фудбал Италија Пристигна како негова замена и сега изненади со изјавата: Рома е подобар тим без Салах

Пристигна како негова замена и сега изненади со изјавата: Рома е подобар тим без Салах

Рома во среда на гостински терен против Барселона го игра ¼ финалето од Лигата на шампионите. Иако Барса е голем фаворит во Рим се надеваат дека можат да направат чудо и да се пласираат во следната фаза.

Навивачите на Рома се задоволни од резултатите на клубот оваа сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Минатото лето многумина беа скептични кога клубот за сума од 42 милиони го продаде Мохамед Салах на Ливерпул и на негово место го доведе младиот Турчин, Ченгис Ундер.

На Ундер му беа потрени неколку месеци за да покаже дека навистина се работи за талентиран играч и да избори место во првите 11. Турскиот играч призна дека минатото лето имал понуда од Манчестер Сити, но на крајот ја избрал Рома.

Сега тој изненади многумина со тврдењето дека Рома е подобар тим без Салах.

„Имав понуда од Манчестер Сити, но не се договоривме околу условите. Тогаш се појави Рома, ми се допадна нивниот проект и ја прифатив понудата. Кога Салах замина знаев дека ќе имам поголем простор да се докажам. Мончи (спортскиот директор на Рома) веднаш ми кажа дека верува мене. Според многумина во клубот ние сега сме подобар тим отколку кога Салах беше дел од овој клуб“, изјави Ундер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Господски потег на Интер со Инзаги пред реваншот против Баерн

Симоне Инзаги ќе остане тренер на Интер. Раководството на шампионот на Италија и Инзаги по…