Дома Фудбал Претседателот на Јувентус пред суспензија?

Претседателот на Јувентус пред суспензија?

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, би можел да се соочи со суспензија поради наводните недозоволени врски со најверните навивачи на клубот и препродажбата на карти.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Ањели одобрил бројот на продадени сезонски и останати влезници да биде поголем од дозволениот.

Ањели призна дека одржал состанок со лидерот на навивачите Роко Доминело кој е поврзуван со неколку криминални групи и кој е осуден на осум години затвор поради препродажба на карти.

Првиот човек на Јувентус откри дека состаноците биле направени во свечени прилики со бројни навивачо како и дека никогаш немал намера да учествува во нелегални активности.

Се очекува Фудбалскиот сојуз на Италија да донесе одлука до крајот на февруари. Ако Ањели биде суспендиран  на повеќе од една година ќе мора да почека 10 години за повторно да добие шанса да биде претседател на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс ја измеша одбраната на Јунајтед и со лоб му донесе водство на Челси!

Морган Роџерс со одлична соло-акција погоди за 1-0 на „Стемфорд Бриџ“, откако Јунајтед ги …