Дома Трансфер зона Претседателот на „јорганџиите“ го разочара Наполи, Вршаљко не може да замине позната и причината!

Претседателот на „јорганџиите“ го разочара Наполи, Вршаљко не може да замине позната и причината!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис призна дека се обидувал да го доведе фудбалерот на Атлетико Мадрид.

Станува збор за Шиме Вршаљко, Наполи беше фаворит за негово доведување, но сепак до трансфер во јануари нема да дојде.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Зборував телефонски со претседателот на Атлетико Мадрид и ми кажа дека не можеме да го добиеме Вршаљко сега туку на лето, бидејќи во овој момент имаат премногу натпревари на распоредот“, изјави Де Лаурентис.

Вршаљко е незадоволен од статусот и минутажата во Мадрид и сака да го промени клубот. Враќање во Италија каде што настапуваше за Сасуоло и Џенова е опција која за него во овој момент е најинтересна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…