Дома Трансфер зона Претседателот на Тотенхем категоричен: Кејн останува!

Претседателот на Тотенхем категоричен: Кејн останува!

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви истакна дека клубот ќе ги задржи сите фудбалери кои се важни за тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На прашањето дали првата ѕвезда Хари Кејн ќе остане во Тотенхем и следната сезона, Леви одговори:

„Убеден сум 100% дека секој фудбал кој што е важен и кој што сакаме да го задржиме, ќе игра за Тотенхем и следната сезона“, категоричен беше претседателот на „спарси“.

Медиумите на Островот оваа изјава ја толкуваат како затварање на вратата на Реал Мадрид кој покажува силен интерес за Хари Кејн.

Леви го коментираше и актуелниот трансфер прозорец и индиректно потврди дека Тотенхем нема да купува нови фудбалери.

„Стратегијата на Покетино е да бидеме внимателни на трансфер пазарот. Меѓутоа во јануари трансфер пазарот е многу тежок“, истакна Леви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…