Дома Останати Тенис Претседателот на САД ќе реагира за Ѓоковиќ да игра на Ју-Ес Опен?

Претседателот на САД ќе реагира за Ѓоковиќ да игра на Ју-Ес Опен?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не може да настапи на Ју-Ес опен ако останат правилата какви што се во моментов бидејќи Србинот не може да влезе во земјата ако не е вакциниран.

Многу љубители на тенисот жалат поради одлуката на американските власти, зашто нема да бидат во можност да го гледаат шампионот на Вимблдон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа беше почната петиција за да му се дозволи на Ѓоковиќ да игра на Ју-Ес опен, која досега ја потпишаа над 40.000 луѓе.

Србите од Чикаго сакаат да му помогнат на Ѓоковиќ, па еден сопственик на фирма која се занимава со промоција на тенис испратил писмо до американскиот претседател Џо Бајден.

Бизнисменот Небојшта Јовановиќ бара од претседателот да направи исклучок во случајот на Ѓоковиќ, барем така пишуваат српските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…