Roберт Левандовски после осум години поминати во Минхен побара да се пресели во Барселона, меѓутоа сега за полскиот напаѓач пристигнуваат лоши вести од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Според изјавата на Тебас Барселона треба да ги зголеми приходите и како што е ситуацијата во овој момент тие не можат да го регистрираат Левандовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Барселона многу добро знае какви се правилата на Ла Лига и каква е нивната финансиска состојба и што треба да направат за да доведат нови играчи. Не знам дали ќе го продадат Де Јонг или Педри, но знаат што треба да направат, а тоа е зголемување на приходите. Последниве години имаше многу акумулирани загуби кои можеа да ги избегнат доколку ги надополнеа акциите како што направи Реал, додека Барселона ги празнеше. Затоа во овој момент не може да го регистрира Левандовски”, порача Тебас.
По изјавата на Тебас стигна одговор од Лапорта.
„Тебас треба да се воздржи од вакви коментари дали Барселона може или не може да донесе играч бидејќи тоа им штети на интересите на нашиот клуб. Тој го прави токму тоа, им штети на интересите на Барселона“, истакна Лапорта.
Сепак, факт е дека Барселона се уште не може да ги регистрира Франк Кеси и Андреас Кристенсен, играчи кои доаѓаат без оштета.