Дома Топ вести Претседателот на Барса проговори за Нејмар, Валверде, Гризман…

Претседателот на Барса проговори за Нејмар, Валверде, Гризман…

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Баромеу ги демантираше шпекулациите дека тренерот Ернесто Валверде може да си замине на крајот на сезоната.

„Лага е дека Валверде ќе замине. Многу сме задоволни од него. Никој не се сомнева во него, дури и после мечот во Рим. Со двојната круна сезоната ќе биде прекрасна, но не перфектна“, изјави Бартомеу.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Заминувањето на Нејмар беше голем удар за нас. Меѓутоа со неговиот трансфер Барселона игра повеќе тимски. Ни се допаѓа како мисли Валверде и како работи, притоа феноменално ја раководи соблекувалната“, додаде претседателот на Барса.

Запрашан за евентуалниот трансфер на Антоан Гризман, Бартомеу одговори дипломатски.

„Ние ги респектираме сите клубови и сакаме и ние да бидеме респектирани. Тој е еден од најдобрите фудбалери на Атлетико, а нас ни се допаѓаат добрите фудбалери“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…