Дома Фудбал Англија Пресврт: Тиери Анри сепак останува без ангажман

Пресврт: Тиери Анри сепак останува без ангажман

henry

Иако низ медиумите се пренесуваше дека се е завршено, сепак на крајот не дојде до соработка.

До крајот на денешниот ден се очекуваше Тиери Анри да биде претставен како нов тренер на Астон Вила што за Французинот би бил прв самостоен тренерски ангажман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледаше дека Астон Вила ќе биде неговиот чекор напред, но клубот од „Вила Парк“ преку официјално соопштение потврди дека досегашниот тренер Стив Брус ќе добие поддршка.

„Астон Вила потврдува дека тренерот Стив Брус се сретна со сопствениците и дека ќе продолжи да работи како тренер со нивна целосна поддршка“, стои во соопштението на клубот кој некогаш беше шампион на Европа.

Значи, Брус доби уште еден обид да ја врати Вила во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …