Дома Топ вести Пресврт: Манчестер Сити прв фаворит за доведување на еден од најбараните на трансфер пазарот!

Пресврт: Манчестер Сити прв фаворит за доведување на еден од најбараните на трансфер пазарот!

psg

Aдриен Рабио беше тема на многубројни трансфер шпекулации во текот на ова лето, а веќе е јасно дека така ќе биде и во јануарскиот преоден рок.

Францускиот играч за врска не е помеѓу најдобрите на својата позиција, но неговата младонст и фактот што договорот со ПСЖ му истекува наредното лето го прават еден од најбарните фудбалери на фудбалскиот пазар. Затоа не треба да зачудува тоа што клубови како Јувентус и Барселона со сите сили се обидуваа да го доведат.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сега во трката наводно се вклучил и Манчестер Сити! И според „Радио Монте Карло“ не се работи само за медиумска шпекулација.

Споменатиот медиум тврди дека мајката на Рабио која воедно е и негов агент веќе имала состанок со Пеп Гвардиола на кој се преговарало за трансфер на нејзиниот син на „Етихад“.

Сепак, Томас Тухел не се откажува од намерата да го задржи фудбалерот во Париз. Треба да се потсети дека клубот го одби барањето на Рабио за плата од 600.000 месечно. Тој услов Барселона беше спремна да го исполни, но Каталонците не се договорија со ПСЖ кој бараше најмалку 40 милиони евра.

Јувентус пак мирно чека и ја следи ситуацијата, тие би го довеле Рабио само доколку им се укаже можност тоа да го направат без оштета наредното лето.

Најмногу поради директниот контант со Пеп Гвардиола, Манчестер Сити веројатно во овој момент е најсериозниот кандидат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …