Дома Фудбал Пресврт во сагата Рамос – Реал

Пресврт во сагата Рамос – Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има можност да остане на Бернабеу.

Неодамна бројни медиуми објавија дека Рамос ќе се пресели во Манчестер Јунајтед и го напушта Реал поради неможноста да се најде заеднички јазик со претседателот Перез.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Но, се чини дека работите се промениле, откако дошло до напредни преговори на релација Рамос-Реал, а во нив директно се вклучил претседателот Перез.

Рамос го побарал Перез да го праша за здравствената состојба бидејќи е позитивен на коронавирус, а во таа прилика разговарале и за иднината на Рамос.

Исто така, Перез подоцна имал уште еден телефонски разговор со капитенот и сега многу поизвесно е дека ќе остане во клубот отколку да го напушти. Нормално, Реал мора да ги исполни и барањата на Рамос, на кој договорот му истекува по крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид за изјавата на Мурињо: И денес не го разбирам!

Педро Леон, кој денеска има 38 години и игра за Реал Мурсија, во интервју за емисијата …