Дома Фудбал Англија Премиер лигата соопшти што ќе се случи со играчите чии договори истекуваат

Премиер лигата соопшти што ќе се случи со играчите чии договори истекуваат

И натаму не е познато кога и дали ќе продолжи натпреварувачката сезона во Премиер лигата, но тамошните челници денеска донесоа една важна одлука.

Играчите чии договори истекуваат на 30 јуни годинава, ќе можат да останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната, објавија денес официјално од Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овие играчи ќе потпишат краткорочно продолжување на нивните договори, така што тимовите ќе можат да ја завршат сезоната со своите целосни состави, но само доколку двете страни се согласат.

„Она што денес решивме е да обезбедиме, колку што е можно, клубовите да ја завршат сезоната со истите состави што ги имаа пред сезоната да се прекине. Играчите можат да ги продолжат своите договори после 30 јуни, до крајот на сезоната, но за тоа е потребна согласност од обете страни“, изјави извршниот директор на Премиер Лигата, Ричард Мастерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Маја…