Дома Фудбал Англија Премиер лигата продолжува на 17 јуни со големото дерби Сити – Арсенал

Премиер лигата продолжува на 17 јуни со големото дерби Сити – Арсенал

Aнглиската Премиер лига поради пандемијата од коронавирусот е прекината пред повеќе од два месеци.

Меѓутоа клубовите во Англија веќе некое време тренираат и се спремаат. Се уште се чека зелено светло од Владата, но сега е јасно дека во Англија сезоната ќе се доигра.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Скај Спорт“ денес објави дека претставниците на клубовите одржале нова видео конференција. Овој пат гласаале за датумот за кој веруваат дека е најдобро сезоната да продолжи.

Клубови гласаа сезоната да продолжи на 19 или 20 јуни, а претходно ќе бидат одиграни заостанатите натпревари меѓу Манчестер Сити – Арсенал и Астон Вила – Шефилд. Тие мечеви би биле одиграни 17 јуни.

Шампионатот на Англија беше суспендиран на 13 март поради пандемијата на коронавирус, до крајот има уште девет кола, а сезоната мора да заврши со 1 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…