Дома Фудбал Англија Премиер лигата пред суспензија: Тројца фудбалери имаат симптоми на коронавирус

Премиер лигата пред суспензија: Тројца фудбалери имаат симптоми на коронавирус

Откако беа прекинати фудбалските првенствата во Италија и Шпанија, најверојатно истото набрзо ќе се случи и во Англија.

Се очекува  прекин на неодредено време на натпреварите од Премиер лигата откако беше обелоденето дека врз повеќе фудбалери од елитното англиско фудбалско друштво се извршени тестови за коронавирус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тројца фудбалери имале симптоми на коронавирус во Премиерлигата. Англиските медиуми не го соопштија името на екипата, но објавено е дека сите биле испратени на тестирање и сега се очекуваат резултатите.

Еден од нив покажувал симптоми уште од понеделникот и веднаш бил ставен во изолација, а набрзо уште двајца фудбалери се пожалиле.

Резултатите се очекуваат најдоцна до утре, а доколку биде барем еден од нив позитивен ќе биде стопирано играњето фудбал во Англија во сите категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Ако и Рома и Евертон се квалификуваат за Лига Европа, што не е невозможно сценарио, овие д…