Дома Фудбал Англија Премиер лигата прави преседан: Дијаз нема да биде казнет

Премиер лигата прави преседан: Дијаз нема да биде казнет

Англиската фудбалската федерација (ФА) нема да го казни фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз и со тоа ќе направи преседан.

Имено, Дијаз на вчерашниот натпревар во Премиер лигата ја покажа маичката под дресот на која беше испишана порака за колумбиските киднапери да го ослободат неговиот татко.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Членовите на герилската група на Ослободителната национална армија (ЕЛН) неодамна ги киднапираа родителите на Дијаз. Колумбиската војска многу брзо по киднапирањето успеа да ја спаси мајката на фудбалерот, но по неговиот татко се уште се трага.

Од ФА најавија дека нема да го казнат Дијаз, без разлика што правилото на здружението е дека фудбалерите не смеат да испраќаат и прикажуваат лични пораки на фудбалските терени. Беше наведено дека се работи за „посебни околности“ и дека немаат намера да отворат дисциплинска постапка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Играше со Меси, Суарез и Нејмар. Сега работи во продавница за спортска опрема

Жереми Матије, поранешен дефанзивец на Барселона, денес 41-годишник, кој со каталонскиот в…