Дома Фудбал Англија Премиер лигата може да состави многу добар тим од играчи кои на лето ќе бидат слободни

Премиер лигата може да состави многу добар тим од играчи кои на лето ќе бидат слободни

Англиската Премиер лига без соменение е најатрактивна лига во Европа.

На крајот од сезоната Остоворт би можел да стане многу осиромашен доколку неколку врвни играчи ги напуштат клубовите и тоа сосема бесплатно. Сосема сигурно би можело да се состави одличен тим од кандидати чии договори истекуваат на лето. Па да започнеме по ред.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што се однесува од голманските позиции, меѓу останатите се Михаел Ворм од Тотенхем, Џоел Роблес од Евертон, Вили Кабаљеро (Челзи) и Вејн Хенеси (Кристал Палас). Сосема сигурно одлични голмани, кој во повеќето клубови можат да бидат одлични резерви.

Глен Џонсон од Стоук е кандидат за десен бек, додека на левата страна е Лук Шо од Јунајтед. Стопери би можело да бидат Дејли Блинд (Манчестер Јунајтед) и Роберт Хут (Лестер). Тука е и одличниот Џоел Ворд од Палас, потоа Мигел Бритос од Вотфорд, па и Патирс Евра (Вест Хем).

Два задни везни би можеле да бидат Емре Чан (Лвиерпул) и Маруан Фелаини (Јунајтед), како и легендата на Премиер лигата, Герет Бери (ВБА). Џек Вилшер (Арсенал) е идеален за централен везен, а конкуренција му се, меѓу останатите, Јаја Туре (Сити) и Чарли Адам (Стоук).

Нападот е осиромашен од ненадејното заминување на Златан Ибрахимовиќ во МЛС, но тука се Бакари Сако од Кристал Палас, како и Крис Брунт од ВБА. Сосема сигурно тим кој без многу проблеми би останал во лигата, но дека е способен за нешто повеќе е тешко да се каже…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…