Дома Фудбал Англија Премиер лигата забрани ракување на играчите поради коронавирусот

Премиер лигата забрани ракување на играчите поради коронавирусот

Превенцијата од ширењето на коронавирусот посебно го вклучи алармот во Серија А, но полека и другите лиги ширум Европа преземаат превентивни мерки.

Од Фудбалската Асоцијација на Англија донесоа одлука пред почетокот на натпреварите, играчите да не се ракуваат поради спречување на евентуално ширање на коронавирусот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесе дека раководството на Премиер лигата одлучило да се забрани ракувањето, а тоа започна од вечерва од натпреварот од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Дерби Каунти.

„Фер плеј ракувањето пред и по натпреварот повеќе нема да биде возможно од ова коло во Премеир лигата. Ова стапува на сила додека не се одлучи поинаку. Коронавирусот на таков начин најмногу се шири и сакаме да го запреме кога веќе сме во можност“, соопштија од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…