Дома Фудбал Останато Прекрасен и емотивен момент: Роналдо го исполни сонот на детенце спасено од под урнатините во Сирија 🎥

Прекрасен и емотивен момент: Роналдо го исполни сонот на детенце спасено од под урнатините во Сирија 🎥

Maлиот Набил Саид имаше среќа да биде спасен од под урнатините кои ги остави земјотресот во Сирија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој млад фудбалски фан го спасиле спасувачите кои биле на задача во Сирија од Саудиска Арабија. Во разговорот со нив малиот Саид им открил дека негова најголема желба е да се сретне со Кристијано Роналдо.

Веднаш во акција се вклучи Турки Алалших кој е човек што е задолжен за организација на големи настани во Саудиска Арабија. Тој објави видео од момчето на својот Твитер профил и побара помош да стапи во контакт со Португалецот.

Набрзо тој успеал да дојде до луѓето во Ал Наср каде што игра Роналдо, а првиот човек на клубот Мусали Ал-Муамар му обезбедил и средба на момчето. Осве тоа тие добиле специјален вип билет за следниот натпревар на Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА направи голема промена со картоните за Светското првенство

Иако на воведниот натпревар во четвртокот беа покажани дури три црвени картони, шансите да…