Дома Фудбал Останато Пред ФИФА се протестираше за загубените животи во Катар

Пред ФИФА се протестираше за загубените животи во Катар

Германскиот уметник Фокер-Јоханес Триб остави 6.500 фудбалски топки исполнети со песок пред седиштето на ФИФА во Цирих, а истите претставуваат 6.500 загинати луѓе кои работеле на објектите за Мундијалот во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На секоја топка е испишана порака до ФИФА, а „Гардијан“ објави дека има 6.500 топки колку што работници го загубиле животот, иако властите од Катар претходно демантираа такво нешто.

Голем број организации кои се борат за заштита на човековите права бараа на Катар да му се одземе организацијата на турнирот поради непочитувањето на човековите права и тешките услови на мигрантските работници ангажирани на изградба на објектите.

Катарските власти сметаат дека бројките не се вистински, односно дека има изолирани случаи, но не е сè така црно како што се тврди во светските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалците донесоа важна одлука за време на Мундијалот поради Кристијано Роналдо

Репрезентацијата на Португалија ќе има една од најквалитетните и најбезбедните бази за тре…