Дома Фудбал Англија Пред полноќ во Манчестер Јунајтед падна ГОЛЕМ потпис кој никој не го очекуваше

Пред полноќ во Манчестер Јунајтед падна ГОЛЕМ потпис кој никој не го очекуваше

Хуан Мата и Манчестер Јунајтед ја продолжуваат соработката.

Синоќа беше потпишан новиот договор кој ќе важи до јуни следната година, а првата реакција од клубот притигна од страна на Жозе Мурињо, кој не го крие задоволството од таквиот епилог.

„Мата е многу важен. Кога пристигнав овде, Мата беше во проблеми, а сега потпиша нов договор. Важен фудбалер за мене, важен за клубот, важен за останатите играчи во екипата…“, изјави Мурињо.

Мата, кој во април ќе наполни 30. години, на „Олд Трафорд“ притигна од Челзи во јануари 2014. година, а претходно настапуваше за Валенсија, каде што се афирмираше.

„Се уште сум среќен што сум дел од овој клуб. Мислам дека секој кој му припаѓа на Манчестер Јунајтед треба да се чувствува привилегирано. Така се чувствувам и јас. Еднаш кога ќе станете фудбалер на овој клуб, вашата кариера повеќе не е иста. Се се менува, бидејќи ова е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Мата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ирска подготвена за реваншот со Израел благодарение на ротациите на Халгримсон

Хајмир Халгримсон верува дека ротациите во тимот ќе ја одржат свежината на Ирска за натпре…