Дома Топ вести Пред дебито на Меси Реал имаше 11 титули повеќе од Барселона, каква е ситуацијата денес?

Пред дебито на Меси Реал имаше 11 титули повеќе од Барселона, каква е ситуацијата денес?

Барселона минатиот викенд го победи Леванте на свој терен со 1:0 и така ја одбрани титулата шампион на Шпанија.

Каталонскиот клуб доминира оваа сезона во Шпанија бидејќи ќе игра и во финалето на Копа Дел Реј каде што ја бранат титулата. Исто така, Барса стигна и до полуфиналето во Лигата на шампионите. Барселона има и одлична сезона во Лигата на шампионите каде што утре ја очекува полуфинале против Ливерпул.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона во изминатите 11 години во Ла Лига освои дури осум титули шампион на Шпанија, а сигурно тоа не им се допаѓа на навивачите на Реал Мадрид.
Имено, Барселона успеа да го престигне Реал Мадрид и сега има три трофеи повеќе од „кралевите“ што пред десетина година изгледаше како невозможна мисија.

Она што изгледаше како невозможна мисија се промени кога Барселона го доведе Лионел Меси кој го промени светскиот фудбал, но и поредокот помеѓу Барселона и Реал кога во прашање се освоените титули.

Лионел Меси за првиот тим на Барселона дебтираше во 2004 година, а тогаш Реал вкупно имаше 11 титули повеќе од Барселона. До дебито на Меси Реал на своето конто имше 72 освоени трофеи, а Барселона 61.

Откако Меси дебитираше за Барселона во годините кои следеа таа предност полека се топеше. За 15 години Барселона успеа да го стигне и помине Реал Мадрид што за нив секако е голема сатисфакција.

Со последната потврдена титула во Ла Лига Барселона има 95-трофеи, а Реал Мадрид 92. Треба да се додаде дека Каталонците можат да го поправат учинок бидејќи се уште се дел од шпанскиот куп и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…