Раководството на Јувентус и напаѓачот Паоло Дибала (27) иако веќе со месеци преговораат се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Спорна точка е висината на платата. Јувентус со новиот договор му нуди плата од десет милиони евра, Дибала бара 15 милиони што е двојно повеќе од она што сега го добива. „Старата дама“ не е спремна да му понуди таков договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус за аргентинскиот фудбалер во 2015 година на Палермо му плати 40 милиони евра оштета, а во 2017 година договорот беше продолжен до 2022. Минатата сезона беше прогласен за МВП во Серија А меѓутоа во новата сезона не влезе баш најдобро.
Ако Дибала и Јувентус не се договорат до крајот на оваа сезона, веќе следното лето Јувентус би можел да го продаде Дибала за кого се интересираат екипи како Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ…