Вест Хем ги започнал преговорите со агентот на Алексис Санчез за евентуален трансфер на „Лондон Стадиум“, пренесуваат англиските медиуми.
31-годишниот напаѓач во моментов настапува во Интер како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед, но „нероаѕурите“ немаат намера да го задржат во своите редови.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Чилеанецот ќе се врати на „Олд Трафорд“, но јасно е дека за него повеќе таму нема место, па Вест Хем ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација. Раководството на „челканите“ започнало преговори со неговиот агент Феличевиќ, но бараат Санчез да ја намали актуелната плата.
Санчез во Јунајтед добива 400.000 фунти неделно, додека Вест Хем е спремен да му понуди 150.000 фунти неделна плата, но и договор на четири години.