Дома Трансфер зона Преговорите започнати: Милан сака да го откупи Брахим Дијаз

Преговорите започнати: Милан сака да го откупи Брахим Дијаз

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.

Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз, а самиот фудбалер дал согласност.

Се очекува двата клуба брзо да најдат заеднички јазик, но во договорот ќе биде ставена „бај-бек“ клаузула во корист на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…