Иднината на Лионел Меси, која е неизвесна во последната година, може да се реши во наредните денови, пренесуваат каталонските медиуми.
„ТВ3“ пренесува дека започнале неформални преговори помеѓу Аргентинецот, неговиот татко, претседателот Жоан Лапорта и суперагентот Жорге Мендеш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната, а минатото лето Лео направи обид да го напушти клубот. Меѓутоа, после промената на претседателот и доаѓањето на Лапорта се појави надеж дека Меси може да остане на „Камп Ноу“.
Во Шпанија се убедени дека приоритет на Меси е силен спортски проект и дека парите нема да играат главна улога. Наводно Аргентинецот е спремен да ја намали платата за 50% во следните две години и на тој начин да му остави ресурси на клубот за засилување на тимот.
Медиумите тврдат дека Меси има конкретна понуда и од ПСЖ, но негов приоритет е да остане во Барселона уште две години. Сепак, Каталонците треба да му гарантираат дека ќе го засилат тимот за да може да се бори за трофејот во ЛШ.