Дома Топ вести Преговорите започнаа: Манчестер Јунајтед со прва понуда за Дибала

Преговорите започнаа: Манчестер Јунајтед со прва понуда за Дибала

Манчестер Јунајтед после слабата сезона подготвува целосна реконструкција на тимот, па ова лето ќе пристигнат неколку нови ѕвезди на „Олд Трафорд“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на „црвените ѓаволи“ е ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пишува дека Јунајтед и официјално ги започнал формалните преговори со Јувентус за трансферот на Пауло Дибала на „Олд Трафорд“.

Дибала, кој по доаѓањето на Кристиано Роналдо има се помала минутажа во Јуве, веројатно ќе си замине од Торино ова лето,

Јувентус е спремен да го продаде Аргентинецот, а англискиот клуб наводно понудил 85 милиони фунти за неговиот потпис.

Се очекува преговорите помеѓу двата клуба да се интензивираат во наредните недели, но прашање е дали Дибала ќе сака да се пресели во клуб кој не игра во Лигата на шампиони.

Интерес за него покажуваат уште Баерн Минхен и Интер, но Манчестер Јунајтед е најконкретен во намерата да го ангажира Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…