Италиајнските медиуми пренесуваат дека Интер е во напредни преговори со деснот бек на Манчестер Сити, Данило.
Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Приоритет секако ќе биде одбраната, која од следната сезона ќе биде засилена со Диего Годин. Меѓутоа, „нероаѕурите“ сакаат да ги засилат и бековските позиции, па започнаа преговори за Данило од Манчестер Сити.
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза и голема е веројатноста трансферот да биде договорен уште во наредните денови.
Двата клуба преговараат за трансфер вреден 22 милиони евра, а играчот веќе ги договорил личните услови со Интер.
„Нероаѕуроте“ се мачат да најдат адекватно решение на десната бековска позиција. Оваа сезона на позајмица пристигнаа Варсаљко и Сердик, но двајцата не ги оправдаа очекувањата и нема да бидат откупени.
#Calciomercato | #Inter, trattativa avviata con il Manchester City per #Danilo ⬇
Tutti i dettagli alle 19.30 su @SkySport 24 ?https://t.co/93s07HvwDr
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) April 19, 2019
Данило во 2017 година за 30 милиони евра се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Сити, но не добива голема минутажа кај Гвардиола, па поради тоа и самиот сака да ја промени средината.
27-годишниот Бразилец оваа сезона има само 9 настапи во Премиер лигата, а во Интер во него гледаат идеално засилување за десната бековска позиција.