Се чека само да се официјализира, но повеќе нема дилеми, Роналд Куман ќе го наследи Кике Сетиен на клупата на Барселона и ќе се обиде на „Ноу Камп“ да направи една револуција.
Првиот чекор на Куман ќе биде целосен ремонт во каталонската екипа бидејќи клубот процени дека повеќе нема време за губење. Првиот кој би можел да замине е Луис Суарез кого веќе го контактирале од Амстердам, Уругваецот добил понуда повторно да заигра за Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информацијата се појави во уругвајските медиуми, а потоа и од Холандија пристигна потврда дека првите контакти се направени. Ајакс за својата намера ја известил и Барселона. Прашање е колку Барселона ќе прави проблем со оштетата, премногу не можат да бараат затоа што Суарез веќе име 33 годни. Освен тоа на состанокот кој се одржа вчера било одлучено дека на продажба не се само: Марк Андре Тер Штеген, Френки Де Јонг, Лионел Меси и младите таленти како Ансу Фати и Рики Пуиг.
За кого ќе дојде адекватна понуда ова лето може да замине. Поедници дури веројатно ќе бидат пуштени и како слободни играчи за да се ослободи буџетот за плати. Суарез е помеѓу оние со големи плати, тој добива 16 милиони евра годишно и тука не се пресметани премиите. Договорот му има важност до наредното лето, но автоматски ќе се продолжи доколку Суарез во случај да остане одигра 60% од натпреварите на Барселона.
Управниот одбор на Барселона проценил дека ова лето треба да бидат продадени играчи од најмалку 200 милиони евра со цел да се соберат пари за едно или две топ засилувања. Се шпекулира повторно за Нејмар, но од Париз неодамна порачаа дека ниту Бразилецот, ниту Мбапе не се на продажба и нема да разгледуваат понуди.
Како и да првиот чекор ќе бидат заминувањата, па потоа ќе се тргне по нови имиња. Очекувањата се сигурно да заминат: Фирпо, Жан Клер Тодибо, Рафиња Алкантара и Иван Ракитиќ, веројатно исто ќе биде и со Артуро Видал и Нелсон Семедо…Проблем може да биде со сенаторите како Пике, Алба и Бускетс кои имаат големи договори какви што сигурно нема да добијат на друго место.