Дома Трансфер зона Прво звучно име во Монца – потпиша Андреа Ранокија!

Прво звучно име во Монца – потпиша Андреа Ранокија!

Италијанска Монца наредната сезона ќе се натпреварува во Серија А, а тимот според најавите на првиот човек Силвио Берлускони и неговата десна рака Адријано Галијани има големи амбиции уште во првата сезона.

Растот на Монца започна од преземањето на Берлускони на овој клуб, па набрзо стигнаа до најсилната конкуренција во Италија. Сега го доведоа првото звучно име за наредната сезона во Серија А.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во тимот на Берлускони се сели досегашниот дефанзивец на Интер Андреа Ранокија кој пристигнува да ја засили одбраната откако му истече договорот со „нероаѕурите“.

Со Монца Ранокија кој за Интер собра 223 настапи потпиша договор до 30. јуни 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…