Дома Топ вести Првото јануарско засилување на „кралевите“ го „брка“ Навас, следна дестинација англискиот гигант?!

Првото јануарско засилување на „кралевите“ го „брка“ Навас, следна дестинација англискиот гигант?!

Тимот на Реал Мадрид би можел да претрпи големи промени во следниот преоден рок.

Кејлор Навас е човекот кој до оваа сезона беше неприкосновен на голот на Реал Мадрид. Сепак повредите и малиот пад на формата влијаеа на тоа Зинедин Зидан да ја изгуби довербата во овој чувар на мрежата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Костариканецот и во оваа сезона е прв чувар на мрежата, но мора да се признае и дека Касиља не му е вистинска конкуренција, а се би можело да се промени доколку стигне Кеп од Атлетик Билбао.

Сигурно дека Навас нема да се задоволи со клупата, посебно поради тоа што наредната година следи Мундијалот во Русија и сигурно дека сака да биде во полна натпреварувачка форма.

Да потсетиме, пред неколку години за само неколку минути пропадна трансферот на Давид Де Геа, а сега според последните информации Кеп ќе биде првото јануарско засилување за „кралевите“, а Навас не помислува да биде резерва.

Поради тоа искусниот чувар на мрежата би можел да ја промени средината, се шпекулира дека веќе има понуда од Арсенал. Имено, „топџиите“ наводно веќе бараат замена за Петар Чех кој влегува во поодминати фудбалски години.

Навас има 30 години, но тоа за голман и не е така многу, а пред Реал го носеше дресот на Леванте и Албасете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…